Skip to main content
RIMjUf-75Yk

Македонското блуз дуо „In The Mood“ ќе ја круниса годината со концерт во „Лум“

Македонското блуз дуо, „In The Mood“ ќе ја заокружи плодната година со самостоен концерт, на 24 декември (среда), во 21 часот, во центарот за култура и уметност „Лум“ (Loom) во Скопје.

На настаот насловен „Плодна почва за блуз“ (Breeding ground for blues) Сашо Ѓорѓевски и Никола „Џими“ Петровски, кои го сочинуваат „In The Mood“ ќе се претстават со авторски композиции од деби-албумот што беше промовиран лани, како и со неколку преработки во нивен веќе претпознатлив стил. Влезот е бесплатен.

Дуото „In The Mood“ е формирано во 2009 година. Концептот на дуото е изведба на блуз/рокенрол класици и авторска музика со усна хармоника, акустична гитара и вокал.

„In The Mood“ зад себе има преку 4.000 концерти ширум Балканот и во Европа. Меѓу бројните настапи вреди да се споменат настапите на Скопје блуз и соул фестивал, Котон блуз фестивал во Скопје, Џез фестивалот во Тирана, Блуз и Џез фестивалот во Шабац како и Фестивалот „Триљ блуз“ во Хрватска и тоа во иста вечер со Робен Форд.

Дуото има и настапи на фестивали во Србија, Бугарија, Австрија, Косово итн.

На Котон блуз фестивалот во Скопје, дуото „In The Mood“ го предводеше бендот што го пратеше синот на легендарниот Мади Вотерс, Мад Морганфилд.