
По успешни настапи во Дубаи, Мускат, Тулум, Санторини, Букурешт, Абу Даби и други глобални дестинации, светски познатиот бренд Cafe De Anatolia за првпат го претставува својот нов концепт – Cafe De Anatolia Experience во Македонија, и тоа токму во Виница, од каде што потекнува.
Иако со години организира настани ширум светот, ова е првпат настан од новата серија „Experience“ да се одржи во родната земја на основачите.
Настанот ќе се одржи на локацијата Sliv Elite Events, која дополнително ја збогатува целокупната атмосфера на овој ексклузивен концепт.
Малкумина знаат дека зад Cafe De Anatolia стојат македонски основачи – фамилијата Илиеви: Зоран Илиев (Billy Esteban) – татко, Моника Илиева – ќерка, и Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) – син.
Моментално, Billy Esteban и Rialians On Earth се најслушаните артисти од Македонија во светот, во сите музички жанрови, според слушаноста на Spotify, со над 200.000 месечни слушатели секој. Брендот досега има над 5.000 диџеи и артисти во својата глобална мрежа. Тие беа првиот македонски музички бренд што се појави на Times Square, и беа номинирани од Beatport за Hype Label of the Year во Ибица, Шпанија – признание кое досега никоја издавачка куќа од регионот не го има добиено.
Дополнително, Cafe De Anatolia го поседува најголемиот каталог во светот во жанрот organic house, со над 10.000 издадени траки, а според Forbes и Entrepreneur, тие се признати како основачи на жанрот, кој денес е еден од највлијателните и најтрендовските стилови во глобалната електронска сцена.
Овој настан нуди целосно холистичко доживување што обединува музика, уметност, гастрономија и вино.
Публиката ќе има можност да ужива во настапи на домашни и интернационални DJ-и, boho визуелна атмосфера со танчари, face painters и уметнички перформанси, како и премиерна дегустација на двете нови вина „by Cafe De Anatolia“.
Настанот ќе започне во 15:00 часот со дневна програма и ќе продолжи со After Party од 20:00 до 01:00 под отворено небо. Со оваа премиера, Cafe De Anatolia не само што носи уште еден врвен настан, туку симболично го враќа глобалниот успех дома – во Македонија.