Skip to main content

„Љубојна“ вечерва на „Зимска приказна“

Програмата на „Зимска приказна”, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом. За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19:00 часот до 20:30 ќе настапат „Баркод” и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2″ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна”. Во 22:30, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак”.

Утре, покрај дневната програма која ќе трае до 15:30 часот, вечерната програма за Дочек на Новата 2025, започнува на Платото пред Офицерскиот дом во 20:00 часот со настап на Борче Наумовски – Министерот, по што ќе следува рок бендот „Б-52″.

Од 22:00 часот започнува настанот наречен „Ноќ на нови почетоци” со кој Битола, ќе ја заокружи 2024 и ќе ја започне 2025 година. Дел од овој настан се музичката група „Фонтана, Дувачкиот оркестар „Блезери” и изведувачите Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски.

Поврзани вести