Skip to main content

Лејди Гага го откажа концертот во Монтреал

Инстаграм профил на Лејди Гага

Светската музичка ѕвезда Лејди Гага беше принудена во последен момент да го откаже својот голем концерт во „Bell Centre“ во Монтреал. Веста ги затекна фановите само неколку часа пред почетокот на шоуто, откако пејачката сподели емотивна порака на својот Инстаграм профил.

Добитничката на Греми откри дека веќе неколку дена се бори со тешка респираторна инфекција. Иако се надевала дека ќе закрепне на време, нејзината состојба се влошила до степен што лекарите изречно и забраниле да излезе на сцената.

Искрено, мислам дека не би можела да ви го дадам квалитетот на изведбата што ја заслужувате. Целосно сум скршена и неверојатно тажна што ве разочарав“, напиша Гага во своето обраќање до публиката.

Пејачката упати јавно извинување до сите кои планирале да дојдат и да ја поддржат, нагласувајќи дека претходните два настапи во Монтреал за неа биле „магично искуство“.

Засега останува непознато дали овој последен концерт од турнејата ќе добие нов термин или парите за билетите ќе им бидат рефундирани на обожавателите. Организаторите се очекува наскоро да излезат со официјални информации за евентуалното презакажување на настапот.

Поврзани вести