
На трети јули, в четврток, во Куршумли Ан во 20 часот ќе се одржи концертна промоција на Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска на нивниот нов музички албум „Егрегор”. Промоцијата е во склоп на Фестивалот Скопско лето.
Како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска -виола
Александар Ицковски – виолончело.