Skip to main content

„Гоце Стевковски квинтет“ ќе одржи концерт во „Јавна соба“

„Гоце Стевковски квинтет“ ќе одржи концерт утревечер во 20.30 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Влезот за концертот е слободен. Составот ќе изведе композиции од Стевковски, кој ќе настапи на тапани, заедно со Кирил Кузманов, саксофон, Гордан Спасовски, клавијатури,Филип Динев, гитара и Дарко Мучев, бас. Гостин е Сашко Николовски кој ќе настапи на тромбон.

Поврзани вести