Skip to main content

„Фолтин“ гардеробер – кога музиката добива друга форма

Триесет години концерти на Фолтин се години исполнети со музики, сцени, патувања, средби и публика. Но, пред сè, триесет години споделена енергија, онаа што се случува меѓу сцената и луѓето и продолжува да живее долго откако ќе заврши концертот.

Во годината на својот јубилеј, Фолтин отвора уште едно ново поглавје од таа приказна: ФОЛТИН ГАРДЕРОБЕР, авторска колекција создадена во соработка со визуелниот уметник Зоран Кардула.

Првата колекција ФОЛТИН × КАРДУЛА создадена по повод 30 години Фолтин концерти, носи четири дизајни – четири различни приказни инспирирани од светот на бендот. „Сенки на петтолиние“, „Приклучено срце“, „Прослава“ и „Одек“ не се само визуелни решенија, туку продолжение на јазикот со кој Фолтин три децении комуницира со својата публика. Овојпат музиката ја гледаме, ја допираме, ја носиме… ја поттикнавме да патува во нова форма.Токму затоа FOLTIN GARDEROBER не е само колекција облека. Тоа е поинаков начин една музика да продолжи да се споделува, да активира други сетила и да создава нови спомени, надвор од сцената.

Фотографиите од првата колекција ги носат млади луѓе кои на свој начин ја продолжуваат оваа приказна. Нивната енергија е потсетник дека музиката не останува во едно време и не ѝ служи на една генерација. Таа се пренесува, се менува, се открива повторно, добива нови форми и останува безвременска.

По триесет години концерти, Фолтин повторно создава простор за нови приказни со својата публика.А следната голема средба е таму каде што сè започнува одново – на сцената 29 август 2026 · 20:00 часот · Хераклеа, Битолаmktickets.mk/event/30gfo/

Поврзани вести