Skip to main content

Агнеса Русомаровска од Скопје запеа во Карнеги Хол

На натпреварот American protege кој што се одржува секоја година во декември, во Карнеги Хол во Њујорк, учесниците се натпреваруваат во повеќе категории: свирење на разни инструменти, класично пеење, oперско пеење и бродвеј/театар.

Годинава, на овој натпревар настапи и 12-годишната Агнеса Русомаровска од Македонија, како единствен претставник од Европа во сите категории.

Таа настапила во бродвеј категоријата со песната Tomorrow од мјузиклот Annie, која ја извела без микрофон, во придружба од пијано.

Агнеса се занимава со музика сод 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на индивидуални часови кај Ана Костадиновска, којашто ја подготвувала и за настапот во Њујорк.

Претходно, Агнеса настапила на два меѓународни натпревара во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.