Skip to main content

„Македонијо, ве носам во срцето!“ – порача HUGEL и им испрати порака на сите Македонци: На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!

Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август.

Со директна и емотивна порака до македонската публика, HUGEL најави спектакл: „Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!“

Настанот ќе се одржи на спектакуларна локација под отворено небо, а публиката ќе има можност да ужива во глобалните хитови како „I Adore You“, „Loosen Up“, „Morenita“ и многу други. Настапот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја. Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме.

Поврзани вести