
На 19 март (четврток) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе биде премиерно прикажан македонско-американскиот филм „Уште една игра“ во режија на Ник Јансен. Продуцент на филмот е Никола Китановски, а музиката е на Кирил Џајковски.
Во филмот играат Петар Маниќ, Тони Михајловски, Ведран Чешарек, Александра Пешевска, Зефанаја Тери, Марјан Наумов, Жаклина Стефковска, Марија Јанчевска, Далиа Стоименова и Јасмина Василева.
Влезници на билетарницата од понеделник, секој работен ден од 11 до 13.00 ч. и еден час пред почетокот на проекцијата!
Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, Македонија, има желба да стане ѕвезда како професионален гејмер — стремеж што се коси со желбите на неговата мајка за негово традиционално образование. Кога неговиот најблизок пријател, Димитар, добива можност да оди на проба за најдобриот европски еСпорт тим, Dynasty, Мартин со нетрпение ја прифаќа шансата да остави свој белег.

Македонски

