
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра.
„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот долгометражен филм на Дина Дума, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот, во продукција на Лабина Митевска и реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија, е еден од деветте играни филмови во конкуренција за „Срцето на Сараево“.
Филмот има своја историја со Сараево. Во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, на CineLink Co-Production Market освои две награди во вкупна вредност од 20.000 евра. Четири години подоцна се враќа на фестивалот како завршен филм и бележи одличен прием кај публиката. Засега води во рангирањето на играните филмови според гласовите на публиката, а конечните резултати се очекуваат вечерва. Филмот беше прикажан и во програмата за млади.
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја следи единаесетгодишната Адела, која се обидува да ја заштити својата постара сестра Зара од притисоците на традицијата и средината.

Во исто време, серијата во жанрот на хрор-комедија, „Мала Југославија“ (Little Yugoslavia) ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност од 20.000 евра, во рамки на CineLink Drama, програмата наменета за развој на телевизиски серии.

Македонски


