По повод десетгодишнината од прераната смрт на Игор Исаковски, денес во 18:00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се прикаже краткиот документарен филм „Брод тргнат кон немерливото“.
Игор Исаковски беше еден од најсестраните македонски писатели, со шеснаесет издадени книги, неуморен преведувач и основач на издавачката куќа Блесок. Истоименото електронско списание „Блесок“ е едно од најстарите електронски списанија за култура во Европа, преку кое, пионерски и визионерски, Игор ја ширеше македонската култура низ светот, а светската култура ја носеше во Македонија.