
Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, денес во 18 часот во Кино Манаки во Битола, премиерно ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов”. Документарецот е посветен на животот и делото на народниот херој Стефан Наумов – Стив, македонски комунист учесник во НОВ кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 г. Стив Наумов е исклучително значајна личност за македонската историја и за градот Битола.
Филмот е во продукција на Македонско турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, снимен на повеќе локации низ градот.

Македонски







