Skip to main content

Подемот на литванската кинематографија се должи на тoa што меѓу нас нема натпреварувачки дух, туку соработка

ИФФК „Браќа Манаки“

Филмот „Посетител“ на Витаутас Каткус од Литванија беше прикажан на 46 издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во официјалната селекција Камера 300, а Каткус денеска разговараше на прес конференција со новинарите за подемот на литванската кинематографија, начинот на работа и соработката со колегите.

Подемот на литванската кинематографија се должи на еден сплет на околности. Најголем дел од филмовоте кои ги гледаме по фестивалите и кои имаат успех се од генерацијата која дипломираше пред 10-15 години и она што не издвојува е тоа што ние соработуваме еден со друг. Меѓу нас нема натпреварувачки дух, туку дух на соработка и сметам дека токму поради тоа сите ние успеавме да ги истуркаме нашите филмови. Уште додека студиравме знаевме дека ќе биде тешко да се снимаат филмови и затоа одлучивме наместо да се натпреваруваме ние соработуваме, рече Каткус.

Тој е режисер, кинематографер и автор на сценариото на филмот и вели дека уште од почетокот размислувал визуелно за филмот.

Уште на самиот почеток знаев дека не можам да снимам без приказна на која би се надоврзала камерата. Поради тоа соработував со косценаристка со која сме долго време пријатели и се познаваме како работиме и се надополнувавме. Таа ми помогна со сценариото, а кога почна снимањето веќе ги усогласував функциите на режисер и кинематографер. Успеав да се снајдам во двете улоги и како режисер и како кинематографер, рече Каткус.

Ј. Даниел Зунига е кинематографер на мексиканскиот документарен филм „Збогувај се“. Станува збор за интимен и мал филм, но од друга страна мошне комплексен. Тоа е политички голем филм кој поврзува две земји и заедници.

Одлучивме интимно да влеземе во филмот. Иако станува збор за политичка тема решивме да нема таква етикета. Влегов во тие семејства и ја се прикажав нивната ранливост. Секојдневието има важност и сакавме тоа да го прикажеме. Да прикажеме дека живеат во контекст на невидлива тага. Снимав со камера од рака, но подцна изнаоѓав други начини на снимање. Можеби тоа доведе до забавеност на изразот, но го доловува контекстот, рече Зунига.

Во рамките на „Јадранската мрежа“ синоќа беше прикажан филмот „Реновирање“ од литванската режисерка Габриеле Урбонаите.

Во моментов во Литванија на многу згради им се менува фасадата, но дали може само со промена на фасадата да се изменат остатоците или навиките од минатото. Сакав да ја покажам реалноста на нашата генерација. Станот во внатрешноста е многу модерен но се наоѓа во зграда од советско време. Архитектурата ми беше многу важна, бидејќи во моментов во Литванија се отсрануваат спомениците од минатото. Јас сметам дека земјата не може да тргне напред се додека не го прифати минатото онакво какво што е, рече Урбонаите.

Подвлече дека е среќна што е во Битола со филмот и била изненадена што филмот е одлично прифатен и на ИФФК „Браќа Манаки“, но и на останатите фестивали каде што бил прикажан.