
Почесен гостин и лауреат на Киненова 2026, ќе биде филмскиот уметник од Туркије, смелиот и бунтовен маг на психолошката драма, Емин Алпер, кој годинава со својот најнов филм “Спасение“ (Kurtuluş) во Берлин ја понесе Наградата на големото жири, Сребрената мечка.
На прашањето зошто филм и што го фасцинира во оваа уметност, како историчар, Алпер вели:
Во суштина , мојата прва љубов беше филмот,Во мојата биографија филмот доаѓа пред мојот интерес од историјата. Уште од дете бев привлечен од раскажувањето приказни, а и јас сакав да ги раскажувам. Додека бев во средно училиште одлучив да бидам филмаџија, бидејќи бев маѓепсан од филмовите што ги гледав. По моето дипломирање, пак некако сепак одлучив дипломскиот труд да ми биде од областа на историјата. И тогаш се пронајдов себе се како историчар. Во мојот интелектуален и уметнички свет, низ целата моја кариера, овие две дисциплини се надополнуваат. Мислам дека филмот е многу влијателен начин за да се претстави историјата, општеството и човечката психологија, во исто време. Како историчар, ме интересира начинот како луѓето се дефинирани со нивната историја и социјални околности. Филмот ми дозволува да ги истражувам овие процеси не само интелектуално, но исто така и емоционално и визуелно.
Во неговата листа на омилени режисери се Кустурица, Фасбиндер, Висконти, Ханеке…
Им се воодушевувам на режисерите кои можат да ги спојат своите лични визии со длабоко разбирање на општеството и човечката психологија. Кустурица е режисерот кој ме убеди дека треба да станам филмски автор, тој во себе носи исклучително чувство на енергија и абсурд. Во мојот подоцнежен прериод неговото влијание врз мене избледе. Фасбиндер и Висконти се многу моќни во портретирање на социјалните структури и релациите на класите. Ја сакам историската перспектива на Висконти и како ги портретира своите страстни карактери во историски и социјален контекст. Ханеке пак е , крајно прецизен и го истражува насилството и отуѓеноста. Со нив ме спојуваат тоа што нивните филмови се и многу лични и политички во исто време.

Македонски


