Skip to main content

„Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски денеска во Кинотека

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌАТА

The Happiness Effect

Борјан Зафировски / Македонија / 2019 / 90 мин

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА е урбана драма за универзалната потрага по среќа и смислата на животот. Филмот ја раскажува приказната за Леа, млада девојка, која има напредна фаза на карцином, неизлечив, а лекарите проценуваат дека и преостануваат уште три месеци до крајот. Не ѝ преостанува многу време до најавената смрт, па започнува да го цени секој час од животот, пронаоѓајќи убави нешта на кои претходно не обрнувала внимание. Леа мисли дека може да го промени светот, па снима видео-проект со кој сака да постигне вирален ефект на среќата. Додека си го преиспитува животот, почнува да го согледува влијанието што го има врз другите луѓе…
ЕФЕКТОТ НА СРЕЌАТА е прв долгометражен игран филм на сценаристот и режисер Борјан Зафировски, агилно име на скопската урбана културна сцена, познат и по режија на сегмент од филмскиот омнибус SKOPJE REMIXED (2012) каде се појавува и како продуцент. Еден од монтажерите на филмот е и неодамна починатиот Андрија Зафрановиќ, кој спаѓа во редот на најценетите креативци од екс-југословенските кинематографии.

Проекции

Вторник, 9 јуни20:30

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Сашко Коцев, Дејана Попоска, Ана Стојановска, Сара Анастасовска

Поврзани вести