Skip to main content

Доделени наградите на десеттото јубилејно издание на „Дрим Шорт“

„Капка по капка, секоја година сè посилни и подобри, ќе продолжиме да го
негуваме нашето филмско езеро: место каде што вашите приказни се слеваат,
растат и го одразуваат нашиот заеднички сон.“

Изминативе 5 денови проследивме богата филмска програма во 5
натпреварувачки програми – Меѓународна, Регионална, Студентска, Соочување со
минатото, Национална, како и програма Студенти во фокус. Понатаму едукативна
програма со мастеркласови на Пјер Хоџсон и Масимилијано Нардули, како и
разговорот со Никола Ристановски, работилницата со Женска Инфо Точка Струга,
и „Свесно кино“ програма и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест. Проследивме и
концерти на Дина Јашари, пост рок дуото „Антарктик“, диџеј сетови на Александар
Гродзановски – Херцел и Костадин Шурбановски – Шурбе, како дел од музичката
програма.
Жири комисијата во состав Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска,
актерка и Гледис Бица, режисер ги додели следните награди:
Специјално признание во Студентската натпреварувачка програма се
доделува на „HOW TO FALL OUT OF LOVE“ во режија на Varvara Zarytska.
Најдобар филм во Студентската натпреварувачка програма се доделува на
„RAGE“, во режија на Fran Moreno Blanco и Santi Pujol Amat.Специјално признание во Национална натпреварувачка програма се
доделува на „THE BENCH“ во режија на Трифун Ситниковски.
Специјално признание во Национална натпреварувачка програма се
доделува на „POSITIVE VIBES“ во режија на Сара Климоска и Радован
Петровиќ
Најдобар филм во Национална натпреварувачка програма се доделува на
„MUSHROOMS GROW IN MEMORY“, во режија на Ханис Багашов.
Специјално признание во Регионалната натпреварувачка програма се
доделува на „IMAGINARY NUMBERS“, во режија на Jelica Jerinić.
Најдобар филм во Регионална натпреварувачка програма се доделува на
„WHAT IF THE SKY SEES US?“, во режија на Christine Abou Zein.
Специјално признание во специјалната програма Соочување со минатото се
доделува на „INTERSECTING MEMORY“, во режија на Shayma’ Awawdeh.
Најдобар филм во специјалната програма Соочување со минатото се
доделува на „Slet 1988“, во режија на Марта Попивода.
Најдобар филм во Меѓународната натпреварувачка програма е
„WONDERWALL“ во режија на Róisín Burns.
Најдобриот филм на од сите натпреварувачки категории на десеттото
јубилејно издание на фестивалот е студентскиот „RAGE“.
Додека, наградата од публика се доделува на филмот „THE BENCH“ во
режија на Трифун Ситниковск

Поврзани вести