
Наградуваната глумица, режисерка и кантавторка Барбара Стрејсенд ќе добие почесна „Златна палма“ за животно дело на 79. Кански филмски фестивал во мај, објавија организаторите.
Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и „Јентл“ (Yentl, 1983), коишто таа, исто така, ги режираше и продуцираше. Таа има освоено два „Оскари“, за најдобра женска улога во „Забавна девојка“ и за најдобра песна во „Ѕвездата е родена“ (A Star is Born, 1976), како и 10 музички „Греми“ награди, меѓу другите признанија.
„Барбара Стрејсенд го достигна врвот на индустријата за забава како никој друг. Но, тоа не е ништо во споредба со нејзиното влијание врз поп-културата во втората половина на 20. век“, се вели во соопштението на организаторот.

Македонски

