
Краткометражниот филм „Антигона“ на режисерите Ибер Деари и Мирсад Абази ќе се прикаже на Шефилд Докфест, водечкиот фестивал за документарен филм во Велика Британија, информираше денеска кумановскиот режисер Деари. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.
Продукцијата и монтажа ја водеше Авди Тачи. Директор на фотографија е Фејми Даути, со Фисник Халили како втор камерман. Сценографијата е дело на Ардиан Кадриу, а за звукот се погрижи Дарко Спасовски – Паки.
Краткометражниот филм во времетраење од дваесет минути ја прикажува решителноста на Антигона, возач на автобус во рурална заедница во земјава. Таа ја продолжува работата на својот татко, возејќи автобус по селските патишта во заедница во која доминираат мажи и ја прифаќа улогата возач, поврзувајќи ги луѓето, ненамерно предизвикувајќи револуција во начинот на кој овие мажи ги гледаат жените и како овие жени се гледаат себеси.
Задоволство е што сме избрани за учество на реномираниот фестивал на документарни филмов, кој ќе се одржи од 18 до 23 јуни, годинава. Филмот се прикажува во категорија лични приказни, изјави кумановскиот режисер Деари.
Неодамна, кумановскит режисер Деари ја освои престижната награда „Franco Cassano“ за најдобар филм во селекцијата Meridiana на овогодишниот Bif&st Bari International Film&TV Festival 2025“ во Италија, за филмот „Сите го викаат Реџо“, финансиран од Агенцијата за филм.
Кумановецот дипломирал за режија на Универзитет за аудиовизуелни уметности – ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, каде што во 2016-та магистрирал. Тој работи како асистент режисер во Националната установа-Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во албанска драма и режисер е на детски претстави на албански во Куманово и Скопје. Освен филмот „Сите го викаат Реџо“, Дехари ги режира и краткометражните филмови „Farmers Blues“, „A Long Way Home“, „My City Screams“ и „Toka“.
Кумановецот досега ги добил наградите за уметник на годината „Милигоната е Арт“ (2016), за најдобар краткометражен филм во Охрид и на Киненова Скопје за филмовите „Фармеср Блуес“, и за најдобри краткометражни филмови „Farmers Blues“ на, Beach Film Fest, Охрид и „A Long Way Home“, Киненова Скопје, како и за најдобар филм и најдобра режија – „My City „Nine Eleven Festival“, Приштина и за зајдобар филм „Toka“ на Тетово Филм Фест и на International New York Film Festival.ам/бт/