
Том Круз го напушта својот стан во Лондон вреден 35 милиони фунти по грабежот во продавницата „Ролекс“.
Холивудскиот актер се сели бидејќи соседството „станува сè понебезбедно секоја недела“, објави „Телеграф.

Причината за ваквата одлука на Круз е бруталниот грабеж на бутик „Ролекс“ сред бел ден, кој се случил во истата зграда, што го навело актерот да се посомнева во сигурноста на обезбедувањето.
Според весникот, вооружениот грабеж се случил на 20 јануари. Потоа, Круз, кој обожавал да шета во околината, брзо организирал враќање во Америка, изненадувајќи ги дури и вработените во зградата.

Македонски



