Пожарите во Лос Анџелес станаа една од светските трагедии на почетокот на оваа година. Стихијата веќе предизвика смрт на 27 луѓе, а има и повеќе од 12.000 уништени згради.
Илјадници семејства ги загубија своите домови или бизниси поради пожарите, а повеќе од 80.000 луѓе остануваат под наредба за евакуација и не можат да пристапат до нивните имоти.
Пожарникарите се уште се борат со пожари кои се уште горат, но и кога се ќе се стави под контрола, ќе остане уште една монументална задача: обнова на се што е изгубено. Обемот на работата е огромен, бидејќи областа изгорена од пожарите е три пати поголема од Менхетен.
Актерка за возрасни со порака за мотивација до пожарникарите
Порно ѕвездата Ришел Рајан објави интересна покана за пожарникарите кои напорно работат на гаснење на пожарите.
Рајан, која е жесток поддржувач на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, стана вирална со својот предлог да ги понуди своите услуги бесплатно за пожарникарите и на тој начин да им изрази благодарност за тоа што дале се од себе во Лос Анџелес.
Господ да ги благослови нашите пожарникари, тоа е сè што можам да кажам. Сакам да бидам една од нивните „шеќер-мами“ и да ги одведам на состанок“, порача таа за време на едно интервју.
Рајан, сепак, не кажа јасно што точно ќе прави со пожарникарите.
Работите што ме гледате како ги правам на мојата сметка на Онлифанс… тоа ќе биде мојот начин да им се заблагодарам на нашите пожарникари“, истакна Рајан.