„Срце храбро“ е новата песна на Миле Кузмановски,.
-Песната е од автор, кој не го познавам и случајно дојде до мене. Но, кога ја слушнав реков-да, тоа е тоа. Знам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи е боемска, љубовна, секој може да се пронајде во неа. Песна за добро друштво, рече Миле, кој зад себе успеа да испее песни кои ќе останат за навек.
Песната „Срце храбро“, дело на босанскиот композитор Драган Пејиќ – Пеја, кој после војната во Југославија заминува за Швајцарија и ова е негова прва соработка со македонски пејач. Текстот е на Александар Тарабунов, кој ја напишал за само еден час. Аранжманот го направи Бобан Василевски, кој свири гитара во бендот на Бени „Нон стоп“.
Во снимање на песната свират и други познати музичари како Војче Петрушев на хармоника, тамбура – Ташко Грујовски, а кларинет Зоран Крагуевски. Сара Пројковска ги испеа придружните вокали, а миксот и мастерингот се на Бобан Василевски. Спотот го направи „Арт студио“, а снимен е во винаријата „Стоби“ ресторан „Одисеја“.