Skip to main content

Цеца развеа бугарско знаме на концерт во Велес, публиката жестоко ја исвирка и го прекина настанот

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, вечерта што требаше да биде посветена на музиката и забавата, заврши со тензија и бурни реакции. Концертот на Цеца Ражнатовиќ, кој привлече голем број посетители, прерасна во вистински инцидент по нејзиниот потег што изненади многумина.

Во еден момент од настапот, пејачката извади бугарско знаме, што предизвика остри реакции меѓу публиката. Присутните веднаш почнаа да ја исвиркуваат, а дел од гледачите револтирано ја напуштија салата.

Настанот доби силен политички призвук и веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците жестоко коментираат за потегот на Цеца и атмосферата во салата која, наместо весела, стана напната и поделена.