Skip to main content

Ана Костадиновска неутешна: И те нема и секаде те има, неизбежно те има… во себеси те носам

Facebook/Ana Kostadinovska

Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска која успеа да се спаси од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани е неутешна по своите колеги од групата.

Таа напиша емотивна објава со фотографии по повод 40 дена од овој трагичен настан кој ја потресе цела Македонија:

„40 дена тага, болка, празнина“.

Сепак, како што може да се забележи посебно место во нејзиното срце има нејзината блиска пријателка и колешка на сцената Сара Пројковска.

„И те нема и секаде те има, неизбежно те има… во себеси те носам!!!“, вели Костадиновска за Сара.

Поврзани вести