
Летниот период не е само време за одмор и релаксација, туку и за промоција на веќе сработеното. Младата и талентирана Анастасија Никова непрекинато работи и е доста продуктивна изведувачка, која слободното време го користи за она што најмногу ја исполнува и ја прави среќна- музиката.
По неодамнешното објавување на спотот за песната” Сите sвезди паѓаат” со радост ја претставува и новата песна “Под ова небо”, за која работеше со Влатко Илјачев- Валдера и со т.н Darkoff.
По повод објавувањето на новата песна” Под ова небо”, таа им се обрати на слушателите и почитувачите на современата македонска музика – “Со голема радост и возбуда ви ја претставувам новата песна која зборува за љубота, за чувствата, за надежта и соништата. Слушнете ја, споделете ја со оние кои најмногу ви значат. Вашата поддршка ми значи неизмерно!”.
Пуштете ја и уживајте во топлината и искреноста во гласот на Анастасија, што извираат од секој испеан стих од песната” Под ова небо”.

Македонски



