Skip to main content

За кого бијат камбаните?

Freepik

“Ниеден човек не е Остров сам за себе, секој човек е дел од Континентот, дел од Земјата, ако Морето однесе Грутка земја Европа е полесна, како да однесла Рид, Посед на пријателите или твој сопствен, смртта на секој човек ме намалува мене, бидејќи јас сум опфатен од Човештвото. И затоа не прашувај за кого бијат камбаните. Тие бијат за тебе.“
                                    Ернест Хемингвеј  

Оваа безвременска мисла на најголемиот писател на сите времиња, маестрално ја опишува тагата, чемерот, неминливоста и сеопфатноста на болката што смртта ја нанесува на секој човек без оглед дали унесреќените, си ги знаел лично, преку родители, подалечни роднини, заеднички пријатели, другари, од школо или војска, дури и воопшто да не си ги познавал. Тагата е иста за секој ЧОВЕК, заедничка и ништо полесна за никого.

Мили мои, деца, братчиња, сестричиња, синови, ќерки, внуци, родители, братучеди и роднини, ВИЕ отпатувавте, ама не заминавте, останавте во нашите засекогаш осакатени и скршени од жал срца. Со ВАС замина најубавиот дел од сите нас и затоа Ве молам, сега кога Ангелите небесни Ве водат кон Рајот небесен, не нé заборавајте, јавете се, без ВАС многу малу вредиме. Не ја запирајте ВАШАТА благородна мисија што ја имавте да го направите овој свет поубав. УСПЕАВТЕ!
Убеден сум дека Господ ВЕ насели во Рајот кај праведниците, зошто тоа го заслуживте, и ако за ВАС таму нема место, Рајот не постои.

Ве сакаме неизмерно, сега кога ВЕ нема уште повеќе.

Ова не се празни зборови туку силни сочувства, тага, бол, јад, што не опсипа непрестано, и ВИ тврдам дека не постои човек кој не го има ова траорно чувство внедрено во себе засекогаш.

Сигурен сум во сето ова искажано, зошто рамно пред 35 години истото го имам цитирано во едни исти мрачни тажни денови полни со ненадминлива болка, кога почнаа да се губат млади животи на “олтарот на глупоста“ непотребната војна во поранешна Југославија.

Истото чувство што го имав тогаш го чувствувам и сега и утре и секогаш до крајот на животот. Ве предупредувам драги ЛУЃЕ спремете се за ова, КАМБАНИТЕ ќе бијат и за нив, за КОЧАНИ ама и за ТЕБЕ.

Нема да бидам далеку од вистината, ако смело и одговорно кажам, и одговорам на глупостите (секогаш има и такви) за авантуристичката космичка прошетка на докажаните ЧОВЕКОФОБЦИ и на бестежинската состојба на нивната глупост во однос на одговорноста.

Само што отворивте уста и потврдивте дека сте неодговорни страшилишта и чудовишта сокриени во човечко руво.
Крајно деструктивно, навредливо и подмолно обвинувате без никаков основ.

Тврдам и знам сигурно дека она што го имаме ние вие го немате. Човекољубието.
Со радост и веднаш би ја подариле власта на добронамерни само да ни се вратат нашите настрадани ближни, макар и неколкумина, дури и само еден.

За жал тоа не е во рацете на луѓето, тоа е дел од СОЗДАТЕЛОТ.
Знам што ви е помислата. И во овие траорни денови со разурнувачка сила на болката за изгубените млади животи, но и во деновите на најголемиот Велигденски пост, ќе се однесувам крајно цивилизирано и воздржано, бидејќи огромното мнозинство од народот тоа го заслужува и ќе биде крајно нечовечно да се однесува за оние кои не заслужуваат прекор и осуда.

Но, вие остатоци, урнатините и руини од луѓе, неинтегрирани отпадоци не се обидувајте.
НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ!
КАМБАНИТЕ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИЈАТ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Македонски народ
Денови, години, столетија и животи робии се вградени во темелите на напатената наша татковина, измачениот македонски народ, ја обновивме државата, ја оспособивме да се брани, изградивме цврста верба и совест во нашите вредности што ги споделуваме со светот, ја избравме страната на правдата, праведноста и демократијата, светлата иднина конечно ни е на дофат.

Вразумете се! Трпението е временска димензија со ограничувачки фактор. Сега кога на сите им е јасно која, каква и што е МАКЕДОНИЈА, нема да потклекнеме. Нема!

Не ни дозволува нашиот завет пред коските, гробовите, пролеаната крв, пред пискотниците што сé уште одѕвонуваат нашите уши.

Сите ние кои на било кој начин сме потомци, лични жртви и саможртви кои што сме исткаени од наследените коски крв, епитафите на гробовите и плачот на старите мајки, баби и сестри, немаме право да застанеме. Одиме цврсто, непоколебливо, до крај.

Не се играјте со луѓе кои од имот ја имаат само МАКЕДОНИЈА. Ако ја изгубиме МАКЕДОНИЈА тогаш немаме НИШТО. Луѓето кои што немаат ништо це непобедливи и бестрашни.

Поврзани вести