Во ноември 1975 година, Париз беше сведок на еден од најконтроверзните судски процеси во својата историја. Еврејскиот екстремно левичарски активист, Пјер Голдман, осуден на доживотен затвор за четири вооружени грабежи, од кои едниот заврши со трагичното убиство на две жени, се најде пред повторно судење.
Тврдејќи дека е невин за обвиненијата за убиство, Голдман одбива да молчи. Неговата борба за правда не е само правна, туку и идеолошка. Тој го користи судењето како платформа за да ги агитира своите радикални идеи, создавајќи атмосфера на хаос и напнатост во судницата. Неговата непоколеблива определба и ризикот од смртна казна го прават „СЛУЧАЈОТ ГОЛДМАН“ повеќе од обична судска битка – тој станува метафора за судирот меѓу идеализмот и реалност.
Филмот „СЛУЧАЈОТ ГОЛДМАН“ (Le procès Goldman) е маестрално дело на режисерот Седрик Кан, кое го пресликува историскиот момент со исклучителна прецизност. Со динамичен ритам и емотивна длабочина, оваа судска драма нуди поглед во комплексноста на човечката природа, политичките конфликти и борбата за правда.
Актерската екипа предводена од Ари Ворталтер и Артур Харари ја донесува судницата на големото платно со импресивна автентичност. Нивните изведби ја оживуваат напнатата атмосфера, пренесувајќи ги предизвиците и моралните дилеми на сите вклучени.
„СЛУЧАЈОТ ГОЛДМАН“ не е само филм, туку и историски сведок. Тој повикува на размислување за тоа како општеството ги суди не само делата, туку и идеалите. Гледачите ќе останат под силен впечаток, поставувајќи си прашања за вистината, правдата и цената на идеологијата.
Детали за филмот:
Режија: Седрик Кан
Улоги: Ари Ворталтер, Артур Харари,
Стефан Герен-Тилие, Николас Бријансон
Премиера: 2 јануари 2025
Времетраење: 115 минути
Земја: Франција
Жанр: Драма, крими, историски
Категоризација: Четврта категорија
Дознајте ја приказната зад овој скандалозен судски процес во кината од 2 јануари 2025!