Skip to main content

Циклонот „Барбара“ пустоши на Балканот: Во Романија прогласен црвен аларм за дожд

Циклонот „Барбара“, откако премина преку Грција и Бугарија, донесе силни врнежи и потешкотии во секојдневниот живот на граѓаните во повеќе делови од Романија. Во пет окрузи и во главниот град Букурешт е прогласен црвен аларм за дожд: за наредните 24 часа се прогнозираат над 200 литри по квадратен метар – количина што одговара на тримесечен просек.

Најтешка е состојбата во градот Констанца, каде бурното невреме од синоќа и утрово го парализира јавниот превоз, поплави улици и објекти, ја заглави канализацијата и урна дрвја. Наставата беше откажана, а екипите интервенираа цела ноќ и продолжија и утрото, соопшти градската администрација, нагласувајќи дека теренот се следи непрекинато за навремена реакција.

Градоначалникот Вергил Кичак посочи дека проблемот го влошува недоволно развиената одводна мрежа – не ги покрива сите квартови – па на повеќе сообраќајници се формираат големи водени езера.

Поврзани вести