
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Куманово го означи стартот на Државното првенство во пливање за основни и средни училишта, кое се одржува во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија со поддршка од Министерството за спорт.
Преку овој масовен училишен спортски настан, на кој учествуваат ученици од целата држава, се промовираат вредностите на фер-плеј, тимската работа и љубовта кон спортот.
Министерот Ристовски истакна дека ваквите првенства се дел од пошироката визија на Министерството за спорт – да се создадат современи услови за спортување на сите млади во Македонија.
-Нашата заложба е секое дете, секој млад човек во нашата држава, да има пристап до квалитетна спортска инфраструктура. Затоа инвестираме во изградба и реконструкција на спортски базени, игралишта и сали во сите региони. Спортот мора да биде достапен и безбеден, а тоа е можно само со модерни и функционални спортски објекти – истакна министерот Ристовски.
Министерството за спорт продолжува со спроведување на програмите за поддршка на училишниот спорт, како и со реализација на капиталните проекти за обновување на спортската инфраструктура, со цел да се поттикне здрав и активен начин на живот меѓу младите.