
Во просториите на Почесниот конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, денеска во 14 часот ќе се одржи средба помеѓу српски и македонски писатели и поети.
Организаторот Здружението за српско – македонско пријателство „Коштана “ од Охрид најавува дека на настанот доаѓаат писателите Радомир Андриќ, поранешен претседател на Друштвото на писатели на Србија, Раденко Поповиќ и Радоња Дубљевиќ. Нивен домаќин на средбата ќе биде познатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски со уште неколку поети од Охрид.
Присутните нанастанот ќе ги поздрави и м-р Михајло Филев, почесен конзул на Република Србија во Охрид.
Писателите од Србија во наредните два дена ќе ги посетат и Св. Наум, Струга и Вевчани а престојот во Охрид ќе го започнат со посетата на НУ Библиотека „Григор Прличев“.