
Општина Ѓорче Петров ќе добие катна гаража, ова го ветува кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски.
Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража, во срцето на Ѓорче, на локација веднаш до новата општинска зграда.
Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 350-360 возила, ќе вклучува подземен паркинг од околу 1.800м/2 и надземен паркинг простор со површина од 7200 м/2, дополнително овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2000 м/2.
Се грижиме за ѓорчепетровци, наоѓаме решенија за проблемите кои што ги има. Искуството во изинатите 4 години покажа дека може да најдиме трајни решенија, така ќе продолжиме и во наредниот мандат. Направете го вистинскиот избор, вели во сворто видро обраќање Стојкоски.