Skip to main content

Мицкоски од Ново Село: Од Филипче не слушнав ниту еден проект, тој е континуитет на Заев кој ја распродаваше Македонија

Принтскрин од видео

Не секогаш локалните избори се само за локални проекти и само за проекти кои се однесуваат на потребите на граѓаните бидејќи вие, жителите на општина Ново Село, логично е секојдневниот живот да е поврзан и со политиките на Владата. И затоа добро е на овие собири да зборуваме и за политиките кои ги води владата, но и да го прокоментираме нашиот политички противник, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, од митингот во Ново Село.

Јас не слушнав досега од претседателот на СДСМ ниту еден проект, ниту една стратешка визија, ниту една политика која што ќе значи иднина. Тој самиот вели во неговите говори дека ова раководство на СДСМ е континуитет на раководството на СДСМ кое што 7 години ја пустошеше и ја распродаваше Македонија. Па има ли поголема потврда од ова, има ли поголема инспирација за граѓаните во Македонија да излезат на 19-ти октомври и да гласаат против тие политики кои минатата година жестоко ги поразија на изборите, рече Мицкоски.

Истакна дека Филипче без срам кажува дека е континуитет на политиките на Заев, па потсети што се случуваше тие 7 години.

Половина милион наши сограѓани живееја со 150 денари на ден, пензиите годишно се покачуваа 130-150 до 500 денари максимум, посочи Мицкоски…

Поврзани вести