Skip to main content

Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска Давкова: Македонија е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите

Република Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот Румен Радев на „Икс“, по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Сиљановска Давкова, јави БТА.

Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето, напиша шефот на бугарската држава.

Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените региони е ограничен. Во поплавите загинаа четири лица, а активностите за справување со последиците продолжуваат при што доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата, обезбедување на населението и нормализирање на секојдневниот живот. 

Поврзани вести