Skip to main content

Сајкоски: Да гласаме за континуитет кој значи многу проекти и многу работа за Битола, масовно да дадеме поддршка за Тони Коњановски

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг во Битола во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“

„Сите имаме иста цел, да продолжи заедничката работа и во иднина со актуелниот, но и иден градоначалник на Битола, Тони Коњановски. Кога зборуваме за континуитет зборуваме за континуитет на проекти, работи. Затоа можеме да веруваме дека Коњановски ќе испорача дупло повеќе проекти од претходниот мандат“, кажа Сајкоски.

Сајкоски укажа дека во иднина дополнително во развојот на Битола ќе придонесе и Владата.

„Соработката на локалната власт со централната е многу важна тоа се виде од претходната година кога Владата ги поддржуваше проектите на општините, а претходно најде средства за тоа“, вели Сајкоски.

Според Сајкоски треба да се стави крај на оние кои се независни, а се зависни од мал број на луѓе.

„Затоа треба масовно да излеземе и да гласаме за Тони Коњановски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Една кандидатка бара поддршка од ДУИ. Патот го бираме ние и вие, а ние ќе го одбереме патот на проекти и работа. Затоа треба масовно да се излезе и да се гласа за континуитет кој подразбира работа“, заклучи Сајкоски.

Поврзани вести