Skip to main content

Украински воен експерт: Врховната команда лаже за состојбата на фронтот

Freepik

Еден од најпознатите украински воени експерти, Константин Машовец, на социјалните мрежи реагира дека генералштабот на вооружените сили на Украина лаже за ситуацијата на фронтот. Машовец особено ја истакнува ситуацијата на кај Добропоље, каде што состојбата на украинските сили се влошува.

Искрено не разбирам зошто лажат за состојбата на фронтот. Ново Шахове не е ослободено. Нема опколувања или непријателски џебови во правецот Добропоље. И повеќе од тоа, ситуацијата продолжува да се влошува за вооружените сили на Украина“, пишува тој.

Претходно, Машовец веќе објавуваше дека ситуацијата во правецот Добропоље воопшто не е онаква каква што тврди командата на вооружените сили на Украина.

Поврзани вести