
Центар е срцето на Скопје, но за жал, денес изгледа како напуштен агол на градот. Преполни контејнери, расфрлан смет, прашина и непријатна миризба станаа секојдневие за жителите. Општината која некогаш беше симбол на урбана култура и маалски дух, сега е претворена во слика на запуштеност и хаос, се вели во соопштението на кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар.