
Русија и Украина размениле воени заробеници според формулата 185 за 185, објави руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека покрај 185 заробени украински војници, Русија добила и 20 цивили кои беа затворени од украинските сили.
Во согласност со руско-украинските договори постигнати на 23 јули во Истанбул, 185 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 185 воени заробеници на вооружените сили на Украина. Покрај тоа, од украинско заробеиштво беа вратени 20 цивили“, се наведува во соопштението на руското МО.
Во моментов, руските војници и цивили се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им е пружена потребната психолошка и медицинска помош.
Според извештаите, сите вратени руски војници и цивили ќе бидат транспортирани во Русија на лекување и рехабилитација во медицински установи.