
Напаѓачот на Наполи, Расмус Хајлунд, се осврна на победата (2.1) над Спортинг синоќа во второто коло од Лигата на шампионите.
– Беше фантастична вечер и им се заблагодарувам на моите соиграчи за тоа. Ги освоивме првите бодови во Лигата на шампионите, но има долг пат пред нас и мора да продолжиме со добрата работа. Му се заблагодарив на Де Брујне за асистенциите. Кевин е легенда на овој спорт и кога ја има топката, знам дека секогаш ќе ми ја достави во најдобра форма со таква вештина, изјави Хајлунд за „Скај Спорт“.
Во натпреварот против лисабонскиот клуб, 22-годишниот Данец постигна два гола, благодарение на асистенциите од Кевин Де Брујне.
Наполи ќе игра против ПСВ Ајндховен на гости во следната рунда од Лигата на шампионите.