Skip to main content

Пет лица повредени во пукотница во ресторан во Вишњичка Бања

Пет лица се повредени во пукотница што се случи во ресторан во Вишњичка Бања, од кои едно се бори за живот. Според неофицијални информации на српски „Блиц“, постои сомневање дека на крвавата пресметка ѝ претходела тепачка.

Постои сомневање дека во ресторанот избувнала тепачка, по што дошло до пукање. Двајца од повредените биле учесници во пресметката, додека другите наводно биле застрелани случајно – вели извор за „Блиц“.

Како што неофицијално дознава Блиц, двајцата тешко повредени мажи одбиваат да соработуваат.

Во пукотницата се повредени неколку лица, според информациите на „Блиц“, едно лице е примено во болница без знаци на живот, двајца се тешко повредени.

Голем број полицајци се на местото на настанот.

Иако првичните информации укажуваа дека една жена починала, лекарите во Ургентниот центар успеале да ја реанимираат.

Како што неофицијално о српски Блиц, неколку вооружени лица излегле од бело комбе и почнале да пукаат. Оваа информација не е официјално потврдена.

Поврзани вести