Skip to main content

Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг места

 Во моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе. Во меѓувреме, има изградено и неколку нови згради во предниот дел од другата страна на убавиците. Хаос и во долниот дел со трговскиот центар, хаосот и овде на кејот на Вардар, најави Сотир Лукровски кандидат за градоначалник на Карпош.

Ветувам нови монтажни гаражи во овој дел, со над 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици, ем корисно, ем како заштита на возилата од влијанијата како сонце, град итн.

Ја барам вашата доверба и ова ќе биде сторено. Ветено.

Поврзани вести