Skip to main content
Денеска мастерклас на „Киненова“

Срдан Голубовиќ: Се школував за режисер и тоа е веројатно сè што ќе правам во мојот живот

На десеттото, јубилејно издание на фестивалот „Киненова“, српскиот сценарист и режисер Срдан Голубовиќ е „Автор во фокус“, кој истовремено ќе го предводи и тричленото фестивалско жири. Човекот кој зад себе има четири феноменални филмови кои освоија награди на фестивали ширум светот, е професор на престижниот Факултет за драмски уметности во Белград, каде што со години несебично ја пренесува својата љубов кон седмата уметност на своите студенти.

Денеска на ФДУ во 11 часот Голубовиќ ќе одржи мастерклас во рамките на програмата на Киненова.

Мојот татко беше човек со класично образование, човек од литературата. Многу сум му благодарен за тоа по малку старомодно образование што ми го пренесе. Се занимаваше со филм, но секогаш веруваше дека литературата има поголема вредност. И Жика Павловиќ, мојот професор, мислеше така. Ја сакам литературата, но не се согласувам дека една уметност е повредна од друга. Сакав и јас да се занимавам со литература, но не се осмелив да го правам тоа. Не ги сакам луѓето кои се мајстори во сите занаети, кои мислат дека можат сè. Времето на ренесансните уметници заврши. Се школував за режисер и тоа е веројатно сè што ќе правам во мојот живот, вели Голубовиќ.

Поврзани вести