
Што значи да имаш твој човек како градоначалник?, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.
Значи да имаш некој што растел на истите улици, чекал во исти редици, се радувал на истите мали победи.. како и ти.
Тоа е човек што знае што значи да се биде човек.
Да подаде рака без да праша зошто, да биде со народот, а не над него. Да слуша, да почитува, да решава.
Кога твој човек е на чело на општината- има ред. Има глас. Има иднина. Твоја, на твоето семејство, на твоето место.
Тој е тука, во добро и во лошо. Не е само политичар. Тој е твој сосед. Твој пријател. Твој човек.
Затоа, на овие избори не е важно само кој ќе победи. Важно е кој ќе биде со тебе – и после победата, пишува Мицкоски.
Вистинскиот избор!
За твојот човек!
За твоето место!
За твојата иднина!
Направи го #ВистинскиотИзбор Заокружи број 9.