Skip to main content

Промени на избирачки места во општините Штип и Карбинци

 Општинските изборни комисии на Штип и Карбинци информираат дека направени се промени во избирачките места во Штип и Карбинци за престојните Локални избори 2025 година. Со оглед на фактот дека во дел од избирачките места има зголемување на бројот на гласачи, истите се префрлени во друго избирачко место. Станува збор за избирачки места во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Дополнително, од Општинската изборна комисија Штип ги информираат граѓаните дека оние кои досега гласале во зградата на АМД Штип, на престојните локални избори своето право на глас ќе може да го остварат во ООУ „Тошо Арсов“- Штип.

Исто така, дел од избирачките места се припојуваат кон други, бидејќи бројот на гласачи е помал од 10 избирачи. Така, во Суво Грло има помалку од 10 избирачи и тие ќе гласаат заедно со гласачите од со село Степанци, во подрачното училиште „Ванчо Прќе“ во село Лакавица. Избирачите од село Радање и село Голем Габер во Општина Карбинци наместо на досегашнот место за гласање во подрачното училиште „Страшо Пинџур“ ќе гласаат во објектот на поранешен задружен дом во село Радање, поради изведување градежни активности во училиштето.

Поврзани вести