
Во семејна куќа во близина на Деспотовец, Србија, пронајдени се мртви брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76). Според изворите на српските медиуми, за двојното убиство осомничен е нивниот внук М.М., кој по делото наводно зел автомобил и побегнал.
Мештаните се во неверување и за убиените сопружници велат дека биле мирни и чесни луѓе.
„Живееја мирен, пензионерски живот. Ова е трагедија,“ изјави еден од соседите.
За осомничениот младич велат дека повремено доаѓал кај бабата и дедото, а родителите му живеат во Италија.
„Не делуваше проблематично, некогаш тргуваше со стока и на пазар,“ сведочат соседите.
Телата на сопружниците во локва крв ги пронашле роднини, кои веднаш ја повикале полицијата. На лице место биле извршени увид од страна на полицијата и дежурниот јавен обвинител од Јагодина.
Во селото кружат шпекулации за можни мотиви, меѓу кои и долгови или дрога, но официјални информации засега нема. Истражните органи продолжуваат да работат на расветлување на случајот.