
Кандидатот за градоаначлник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со противкандидатите го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
– Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба. Се обврзувам да ги почитувам темелните демократски принципи, да обезбедам еднакви услови за сите учесници, да не дозволам притисоци, заплашувања или дискриминација и да го заштитам правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено. Верувам дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се основата врз која се гради довербата во институциите и во самиот изборен процес, вели Ѓорѓиевски.
Според него, изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ, потенцирајќи дека нивна должност е да создадат атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно.

-Само така, можеме да изградиме посилна и поодговорна локална власт преку пример, транспарентност и почит кон секој жител на Скопје. Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме нешто повеќе за нашето Скопје и скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Посакувам среќа на сите, нека победи подобриот, вели Ѓорѓиевски.