Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.