Skip to main content

Локализиран пожарот на Зелен пазар, се бара кој го запали хибридното БМВ

Пожарникарите се уште се на терен откако изби пожар на Зелен пазар. Некаде околу 23 часот се слушна експлозија по што се појави чад. Запалено е хибриден автомобил БМВ X3, а од огнот е зафатено уште едно возило, Цитроен Ц4, паркирано непосредно до хибридот.

-Се слушна силна експозија, по што се појави пламен. За кратко време почна да гори и дрвото под кое е паркиран автомобилот. Пламенот се прошири на кровот од маркетот Рептил во самиот пазар. Полиција и пожарна стигнаа многу брзо, но огнот веќе беше проширен. Соседите велат дека виделе двајца како бегаат веднап по експлозијата, но не знам дали се работи за лицата кои го запалиле возилото – коментира жител од околните згради.

Пожарникарите со моторна пила го сечеа кровот на маркетот за да можат да го изгасат пламенот. Беше искршено и стаклото на соседниот дуќан, од каде беше протнато црево од пожарната.

Според првичните информации нема повредени лица. Се уште нема официјална информација како се запалило возилото, но неофицијално се работи за подметнат пожар. Се очекува МВР утре изутрина да излезе со официјални информации.

Поврзани вести