Skip to main content

Денеска сончево и топло, од четврток променливо време

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок, врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи, а ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.