
Македонските пингпонгари Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска стигнаа до осминафиналето во поединечна и конкуренција во мешани двојки на турнир во Батум, Грузија.
Ковачовска во пар со Павел Кокавец од Словачка стигнаа до 1/8 финалето во категорија до 19 години и загубија тесно со 3:2 за влез помеѓу 8-те најдобри од Нурислам Касум и Викторија Мочалкина од Казакстан.
Во поединечна конкуренција Кристијан Каламадевски во категоријата до 15 години избори пласман помеѓу 16 најдобри со победа над Сергеи Трачи од Молдавија. Загуби од Мансур Суиндик со 3:1 во 1/8 финалниот меч