Skip to main content
Американскиот претседател му се закани на Авганистан

Трамп: Ако не ни ја вратат контролата врз воздухопловната база Баграм, „ќе се случат лоши работи“

Facebook / Donald J. Trump
Facebook / Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Авганистан дека ако не им ја врати на САД контролата врз својата воздухопловна база Баграм, „ќе се случат лоши работи“.

Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија – Соединетите Американски Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Американскиот претседател во четвртокот изјави дека Вашингтон се обидува да ја врати базата, која ја користеа американските сили по инвазијата врз Авганистан. Вчера, Трамп им рече на новинарите дека разговарал со авганистанските претставници за ова прашање.

Американската војска се повлече од Авганистан во 2021 година, по што Баграм беше преземен од Талибанците.

Авганистанските претставници се спротивставија на можното обновување на американското воено присуство во земјата.

Авганистан и САД треба да работат заедно… без САД да одржуваат какво било воено присуство во кој било дел од Авганистан“, на социјалната мрежа „Х“, напиша Закир Џалал, функционер на Министерството за надворешни работи во Кабул.

Поврзани вести